• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Ах, провизии!- нов филм на високата владина “кинематографија”

октомври 7th, 2019 Македонија, Политика коментари 834

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ах, провизии!- нов филм на високата владина “кинематографија”

Денеска на прес конференција од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ обелоденија информации според кои високи владини функционери нуделе вршење на влијание за добивање проекти од Националната агенција за образов

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од прес конференција за медиуми на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ не ги пустоши само парите на македонските граѓани, туку подеднакво алчно се однесува и кон парите на европските даночни обврзници кои треба да бидат наменети за развој на образованието.

Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции.

Конкретно, постојат индиции за спрега помеѓу директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот (Invest in Macedonia) Г-дин Арбен Вила и Директорката на Националната агенција Г-ѓа Лидија Димова во доделувањето на средства за одредени проекти.

Сомнежи за нас отвора фактот што г-дин Арбен Вила кон крајот на 2018 година, преку електронска пошта, контактирал училишта од Република Македонија и им нудел посредување при добивање  грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за 10 проценти провизија.

До нас пристигна email кореспонденција т.е. пораки кои Директорот на оваа државна институција ги праќа до поголем број на училишта во Р. Македонија. Во истите тие тој се претставува како експерт за акцијата КА2 во делот 229 кој има контакти со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во пораката која Г-дин Вила ја испраќа до училиштата ја наведува јасно неговата тарифа од 10% од вкупната вредност на доделениот грант. Овој износ треба да биде уплатен на сметката на негова Невладина организација од Тетово.

Цитирам: Следи договор помеѓу Balkans Mobility Network и вашето школо каде што во случај на секој добиен проект од нашата страна Balkans Mobility Network добива 10% од целокупниот буџет од вашиот тотален буџет. Тие средства ќе бидат префрлани на сметка на Balkans Mobility Network после потпишување на договорот со Национална Агенција и  добивање на вашите 80% од средствата после 7 дена (10% провизија).

Во електронската кореспонденција, се советува и училиштето како да се надминат законските пречки од јавната набавка. Цитирам: „Што се однесува на делот на тендерот и целокупните средства, школото ќе биде орган што ќе избира најповолна  понуда за менаџирање на тие средства но секако треба да се имаат предвид и 10 % од целокупниот буџет што мене ми следуваат според договорот.

Немаме информација колку училишта наседнале на овој тип притисоци и барања за исплаќање на суми, но имајќи предвид дека се работи за милионски средства, но и високата позиција на г-динот Арбен Вила денес, можеме само да претпоставуваме.

Прашуваме:

-Дали директорката на НА, г-ѓа Лидија Димова и г-дин Арбен Вила неколку пати имале средби во просториите на НА?

-Дали овие средби служеле за договарање на листите на грантисти на кои треба да им бидат поделени средства, а каде посредник е г-дин Вила?

Го прашуваме и Јавното обвинителство и ДКСК, дали во овие случаи не гледаат тргување со влијание заради противправно стекнување на корист во рамки на европските фондови, или пак коруптивност во однесувањето на владините функционери?”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Апел за помош на 13 годишната Сандра Ангеловска
Следна објава Љубомир Цуцуловски: ВРЕМЕ ЗА ОПТИМИЗАМ?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 674
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 701
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 372
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 679
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

1025
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2041
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201919
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.