• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Актуелната влада на Р.M. си доби заслужено име: “Ќе Влада”

мај 27th, 2018 Македонија коментари 752

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја oбвини актуелната Влада на Република Македонија за “распродажба на македонските национални и државни интереси” во врска со лиферуваниот т.н. нонпејпер од страна на европските државниоци од кои во голема мера зависат евро-интеграциските процеси на Република Македонија.

Во продолжение го пренесуваме интегрално целокупниот текст на прес конференцијата на Наум Стоилковски:

-”

Почитувани,

Нонпејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шекеринска за евроатлански интеграции како велеа, најдоцна за 6 месеци!

Велеа: Знаеме како!

Нонпејперот го прикажа вистинското светло на лажната Кристално чистата препорака за отворање на европските преговори!

Нонпејперот и реакцијата на власта по него, ја покажа вистинската игра- дека оваа „ЌЕ влада“ евоатланските интеграции ги сведува само на распродажба на македонските национални и државни интереси.

Нонпејперот ги затвори устите полни со Извештајот на Рајнхард Прибе на актуелната власт! Нeма реформи, туку само партизација и злоупотреба на системот. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата  „ВМРО е виновно за се” кои ги пласираат, веќе не минуваат. Од ЕУ чекаат реализација на реформите.

Овој нон пејпер е доказ дека ниту Заев ниту оваа екипа околу него нема капацитет да ги направи суштинските реформи. Единствено поле каде што се бележат прогрес е корупцијата која расте и се институционализира. И Европските лидери го посочуваат дека оваа “ЌЕ Влада” нема намера да го реформира правосудниот систем. Реформи кои нема да дозволат судство за политички монтирани случаи. Реформи против селективно судство кои имаат за цел владеачкиот картел да го заштитат, а сите други кои не размислуваат како нив да ги изложат на политички мотивиран прогон.

Впрочем каде е разрешницата и за случајот со двајцата членови на влада за кои пред 7 месеци се обелодени дека биле oсомничени за корупција. Тоа само говори дека оние што се корумпирани, или сомничени за корупција сеуште се на високи државни функции и делото го повторуваат без да бидат санкционирани.

Зоран Заев и неговата свита прокоцкаа цела година на граѓаните и на Република Македонија. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата веќе не им минуваат.

Франција, Холандија, Данска но и другите европски држави не се непријатели на Македонија и не измислуваат. Критиките кои тие ги упатуваат во нон пејперот беа содржани и во извештајот, но за жал ретко кој во медиумите и во експертската јавност имаше храброст и капацитет да ги види и да укаже за истите. Затоа истите критики сега ги гледаме и во овој европски документ.

Почитувани,

Од Европската Унија чекаат реализација на реформите, македонските граѓани чекаат на реформите. Во меѓувреме реформиран е само криминалот, а здравството, економијата, вработувањата, социјалната помош, администрацијата, образованието, чекаат! Заглавени се исто како што се заглавени и низата проекти за подобро утре, оставени од минатата власт, а оваа нема капацитет да ги спроведе.

Наместо напредок и реформи оваа “ЌЕ ВЛАДА” донесе стагнација и уназадување во сите области. Животот кој го ветуваа го заменија со антидржавно и антинародно владеење. Ова веќе не е Влада, ова е јарем околу вратот кој ја турка државата се подалеку од Европа.

Македонија и граѓаните немаат време за губење. Колку побргу си заминете, толку подобро за државата и за нашиот народ.

“

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево повикуваат на протест. Ова се причините
Следна објава Митрите од „Дворецот на Св. Георгиј“
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 561
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1190
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1246
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1810
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.