• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Митрите од „Дворецот на Св. Георгиј“

мај 27th, 2018 Магазин, Македонска бесмртност коментари 947

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Митрите од „Дворецот на Св. Георгиј“

Манастирот во с. Рајчица, посветен на „Св. Георгиј Победоносец“, бил толку прекрасен и убав што го нарекувале и „Дворецот на св. Георгиј“. Во минатото овој манастир функционирал како економски дел на Бигорскиот манастир, поточно бил негов составен дел, а за богатството на манастирот говори и податокот дека на местото на денешното Дебарско Езеро порано имало река и пат и манастирот всушност бил издигнат над патот, а надолу под него се простирале големи насади со лозја.

Монасите произведувале вино, ракија, најверојатно имале и добиток, а се смета дека имале и плантажи со маслинки во Елбасан (Албанија). И така функционирајќи заедно, двата манастира (“Св. Јован Бигорски” и “Св. Георгиј Победоносец”) биле економски многу силни. Но уште посилни биле духовно, знаејќи дека Бигорски бил еден голем духовен, културен и образовен центар во западна Македонија во тоа време. Манастирот во Рајчица е всушност метох на Бигорскиот манастир, значи манастир изграден во рамките на друг поголем манастир – како една гранка, како плод на поголем манастир.

Раката е изработена од сребро и во еден дел е позлатена, а во предниот дел украсена со циркони и со рубини. Кутијата во која се чуваат е купена во Атина во 2001 година со прилози на верниците. Инаку, во манастирот во селото Рајчица се чуваат и моштите на св. Јован Кукузел, кој потекнувал од дебарскиот крај. Но зошто толку малку знаеме за манастирот во Рајчица? Самото село некогаш било богато и полно. Денес има само три семејства кои сè уште живеат тука. Кога ќе застанете на скалите од манастирот, пред вас се расположува прекрасен видик на Дебарското Езеро. Но она по што и треба да се памети се вештите раце на деветте сестри (монахињи), чиј труд се огледа на главите на најпознатите светски владици. Овие сестри својата длабока понизност кон Бога ја чувствуваат како бескрајна љубов, а за себе скромно велат дека се само алатка преку која се исполнува Божјата промисла. Но едноставно не можете да останете рамнодушен пред достоинственоста, убавината, раскошот и отменоста на митрите, неизоставниот дел, врвниот елемент на архијерејската одежда, која се носи при најголемите богослужби. Во нивните раце, оживува убавината на круните на духовните отци – епископите, токму она по што овој манастир ќе стане бележит во православниот свет. За неполни десет години откако манастирот добил послушание и благослов за изработка на митрите, монахињите изработиле над 270 уникатни митри, не само за сите македонски владици и епископи туку доверба ќе добијат и од епископите од Балканот, Русија, Америка, од вселенскиот патријарх… Тајната е, велат, пренесена од митрополит Геласиј, преку игуменот архимандрит Партениј, кој уште како млад имал желба да ја научи вештината. Но вистината е дека овие, слободно може да се каже – уметнички дела, се издигаат далеку над занаетчиската вештина.

Манастирската црква датира од 1835 година, но се претпоставува дека е изградена врз темели на уште постара црква од 16 век. Црквата комплетно е зографисана од двајца познати зографи, Даниел и Михаил Зограф и нивниот ученик Дичо Зограф,  кој ја продолжува дејноста на своите мајстори. Пред десет години конаците се комплетно обновени како нова градба во византиски стил. Слава на манастирот е Ѓурѓовден (6 мај), а како втора слава  се слави Крстовден, затоа што по Божја промисла,  не знаејќи, отец Партениј токму на тој ден го благословувал возобновувањето. И кога завршило осветувањето, отецот над влезот од црквата прочитал дека токму на Крстовден се поставени темелите и на стариот, претходниот манастир.

Секој детаљ од митрата си означува нешто одредено – од страните стојат четирите евангелисти: Матеј, Јован, Лука и Марко. Тие се стандарден дел на секоја митра. Горе на врвот е крстот, а на челото има византиски двоглав орел, кој ја симболизира црковната и световната власт под една круна, зашто во тоа време државата била така организирана: патријархот и царот заеднички ја воделе државата. Така тој византиски симбол е пренесен на сите православни земји. Има и еден венец со дванаесет ушиња. Боите си имаат исто така свое значење. Обично на празник на маченик се носи црвена, на Св. Богородица сина, зелената е боја на Светиот дух, па се носи за Дуовден итн. Самата митра, пак, има облик на црква, а црквата, нели, нам ни е чуварка на догмите, па кога самиот епископ ја носи, тој ја изразува својата улога како заштитник на единствената православна Вистина предадена во догмите. Се везе со срма и со златни жици, а потоа се украсува со циркони, со кристали или со бисери.

За инспирацијата, монахињите велат дека е тоа благодатта на Светиот дух – просветлението. Но секогаш се добредојдени како пример музејските експонати и начинот на кој тоа го правеле уште во стари времиња. – Главно ја запазуваме традицијата, иако има иновативни моменти и слобода во креирањето на мотивите. Тоа е уметност излезена од молитвите во нивните срца.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Актуелната влада на Р.M. си доби заслужено име: "Ќе Влада"
Следна објава Портите на Велјуса
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 625
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 500
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 843
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 883
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 543
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 577
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 534
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 767
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1204
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1921
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4142
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202223
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201923
Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон
Забава

Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон

Мар 18th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.