Во вечерашната емисија “60 минути” на Алфа ТВ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во разговор во студиото со новинарот Горан Момироски изнесе повеќе ексклузивни информации во врска со изминатите но и актуелните случувања за и околу потпишувањето на Договорот за промена на Уставот на Република Македонија под домионантен притисок и влијание на нашиот јужен сосед Грција и тамошните центри на моќ.
Александар Николоски изрази експлицитно сомневање поткрепено со факти и повеќе информации дека Договорот за промена на Уставот на Република Македонија датира од многу поодамна уште пред формирањето на актуелната Влада на Република Македонија предводена од Зоран Заев кој бил направен врз основа на контактите кои што Зоран Заев ги имал со Ципрас во тој период преку еден од своите сегашни најдебело платени советници во Владата на Р. Македонија.
Николоски исто така наведе дека целиот период од тие моменти па до моментот на потпишување на Договорот во Преспа, бил период за манипулација и подготвување на јавноста за прифаќање на договорените особено штетни одредби по однос на постоењето на Македонскиот народ и држава со нејзиниот постоен карактер дефиниран во Уставот што е цел на промена со овој договор.
За ова и за повеќе детаљи околу актуелните политички состојби погледајте го видеото во продолжение: