• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Александар Русјаков – ” Не само што не дојде животот, туку Македонија е пред исчезнување”

август 4th, 2018 Македонија коментари 868

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Александар Русјаков – ” Не само што не дојде животот, туку Македонија е пред исчезнување”

“ Сонував чуден сон. Го сонував Бранко Тричковски како сонува. Во неговиот сон тој сонува смрт на Македонци. Потоа се буди радосен на грчка плажа, ама во истата секунда гори во страшен пожар како Сара Конор во „Терминатор – судниот ден“, кога сонува како согорува од атомска бомба. Се будам крајно збунет. Воопшто не сум сигурен кој кого сонувал. Дали јас Тричковски, дали тој мене или и двајцата сме во сонот на Сара Конор?

Но ако соништата ми се збунувачки, тогаш реалноста ми е сосема јасна. А таа, реалноста, ме дочека со убави вести.

Октроираниот премиер Зоран Заев конечно го среди судството во Македонија. Ете, реформираното судство испрати порака до нас, обичните смртници. Пораката гласи, можете слободно да шверцувате 35.000 кутии цигари, да бегате од џандари, да пукате по нив, ама никако немојте да ви паднал напамет говор на омраза. Освен, секако, ако не сте Тричковски во чии соништа говорот на омраза е, всушност, креативна симболика. Е, сега, по кој систем се открива што е говор на омраза, а што ситење или сеир, дали нечиј говор на омраза директно влијае на одредена несреќа (на пример, во Грција има пожар, некој пишал, ако им е, па неговиот статус го предизвикал веќе случениот пожар) крајно е неважно, затоа што веќе заклучивме, опасно е да се има таков говор и крајно поинтелигентно е да шверцуваш цигари за да заработиш некој денар. Нормално, шверцот ќе беше крајно непотребен ако по дома си имаш снаа, балдаска, золва или баџанак, кои се генијални иноватори, па лапаат тендери за иновации на кои лично Тесла би им позавидел. Е, ама нема секој дома шура што смислил иновација за реинкарнација. Затоа шверц со цигари е сигурната бекап-варијанта. За која судот ни соопшти дека е сосема океј.

Туку кога сме кај тендериве, да забележам нешто. Крајно време е некој да добие грант за иновација околу нашево револуционерно тендерашење. Пазете само какви неверојатни моменти се случуваат. Се пријавува на тендер. Го лапа тендерот. Му велат, е браво бе, сам си додели тендер. И оп, се откажува од тендер. Што да крикне човек при вакво лудило?

Ало, дечки, мора вака малоумно да биде? Не сум иноватор, ама ај да ви помогнам.

Направете си невладина (што ако сте владини) и лапајте од УСАИД. Така барем малоумни ги правите американските даночни обврзници. Што ме гледате така бело? Не знаете дека УСАИД улетува со нови грантови? Гарант ќе ги развива нашите недемократски мозоци. Ќе нѐ демократизираат. А потоа нормално, онака демократизирани (читај, лоботомирани), ќе треба да си излеземе на референдум и да гласаме за Северна Македонија.

Инаку ќе мора да заборавиме на ЕУ и НАТО како што, нели, „цивилизирано“ ни се закани виенскиот коњушар Жбогар. Море и Бејли почна да тера глупа пропаганда за да ни каже како ќе ни течат мед и млеко ако станеме НАТО. А не му личи. Она со фармерките, кога направи будали од нашите политичари, е тоа му личеше, ама вака да позира расклештен ко македонски политички лажго пред избори, стварно не му стои. Може попаметно му е, за да нè убеди да станеме северноцрпнати граѓани без идентитет, што знам, да направи НАТО-фест. Уф, заборавив дека тоа бидна и пропадна.

Пред некој ден на Фејсбук го напишав следново: „Ништо вие не разбирате. За ВМРО-ДПМНЕ моравме да слушаме ’бомби’. За разлика од нив, СДСМ, за сето она што го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ (задолжување, тенедрашење, крадење, прикривање убиства, смртност на деца, медиумски мрак, киднапирање држава, продажба национални интереси), тие сега го прават транспарентно. Тоа не е ли реформа, а незадоволници?“ .

Зошто ви го пишувам ова кога ниту со претходните, ниту со сегашниве на власт не сум се занимавал на овие теми, оти јас сепак почнав да пишувам во „Нова Македонија“ и сè уште главна преокупација ми е борбата за името и идентитетот? Одговорот е, заради лична сатисфакција. Иако никогаш не сум бил човек што се радува затоа што излегол во право, има моменти кога добивам сатисфакција. Сеедно што од неа немам никаква корист. Да ви објаснам за што станува збор. На денот на започнување на последната офанзива во специјалната војна против Македонија и македонскиот народ (за мене тоа е 27 април 2014 година, во 19 часот, кога Заев не ги призна изборните резултати), јас влегов во битка со СДСМ, Бејли, Сорос, нивните активисти и поддржувачи тука, како и белосветската изопачена моќ.

Бев убеден дека не само што нема да дојде живот, не само што нема да има реформи туку и ќе се променат името и идентитетот, со што ние Македонците засекогаш ќе исчезнеме од мапата на народите. Комплетното СДСМ, нивните поддржувачи и медиуми, шарените „револуционери“, Соросовата герила, интелектуалната бижутерија, сите тие жестоко ме нападнаа дека сум режимски мегафон, дека сум инкасирал 300.000, 400.000, 700.000 евра, како им прдне вадеа цифри, дека нема тиранска платформа, дека закон за двојазичност и промена на име е само во мојата жмроњска психопатска глава, море таква омраза истурија врз мене што сегашниве клетви а ла „оган да ги изгоре“, звучат како детски брзозборки во однос на она што го слушав и читав за себе. На моја голема жал, излегов во право.

Не само што не дојде живот, не само што овие ги усовршија утките на претходните туку и Македонија е пред исчезнување. А ќе бев неизмерно среќен да излегов глуп, да беше вистина дека сум лапнал едно 300.000 евра со кои ќе им купев на родителите и братот сопствен дом за живеење, а Заев навистина ќе донесеше живот и реформи создавајќи прекрасна правна и социјална Република Македонија во која никој нема да му ја чепка живеачката македонска.

Навистина ќе бев среќен да излезев глуп.”

Превземено од Нова Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Стоиљковиќ - " Србите во Македонија ќе бојкотираат референдум"
Следна објава Наталија Ивчева - " Лажете Зоране! Лажете и ќе се обидувате да го манипулирате народот"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 547
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2727
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1964
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.