Во емисијата Отворен, на телевизија Алфа политикологот Наталија Ивчева обвини дека СДСМ на големо ќе се обиде да лаже и да манипулира со народот за промената на името и референдумот што следи.
-Не Зоране, не го лажете народот. Манипулација е дека не менуваме идентитет. Преговарачите се предавници на нацијата. Манипулирате со граѓаните околу договорот. Се манипулирате. Што содржи тој договор. Што и кои се реперкусиите кога ќе стапи тој договор на сила. Ќе бидеме граѓани на Република Северна Македонија. Кој сме Зоране јас ти и оваа генерација и политичари и сите да газиме по историјата и по нашите предци. Кои што дале тука жртви, не одам подалеку, сум била сведок и 2001 година, кој ни го дава нас тоа право? Кој ни го дава правото да газиме по лешовите и делата на тие наши патриоти?
-запраша Ивчева.