Атрактивното психоделично-шаманско трио MY BABY е најновото име што го потврди своето учество на Д Фестивал 2018 придружувајќи се кон импресивната листа на изведувачи.
Живеат во Амстердам, на сцена се три години, но се вистински пламен на сцена и ги следат илјадници обожаватели.
Номинирани за „Најдобар албум“ и „Најдобар изведувач во живо“.
Нивниот успех го зачинуваат Братско-сестринскиот тандем Шеик Ван Дајк (тапани) и Като Ван Дајк (вокали) и новозеландскиот гитарист Даниел „Да Фриз“ Џонстон .
Манифестираат возбудлив звук составен од мочуришни блуз и фанки влијанија, хипнотички битови, треперливи соул вокали и психоделични гитарски рифови.