Драги мои Земјаци,
И покрај тоа што на 25 ти Септември официјално поднесов Барање за одобрување на термини или закуп на простор (согласно правилата и прописите) во врска со проекцијата на филмот ,,Ругање со Христос,, во мојот роден град Струмица, сеуште до ден денешен не сум добил никаков одговор! Нит писмо пративте, нит ме побаравте, како што ветија некои! Бев трпелив и полн со разбирање за ситуацијата во која се ставиле Управителите на мојот роден град, служејќи на еден систем кој според вредностите кои ги споделуваат, сега е сосема јасно дека не може да се нарече поинаку освен Фашизам! Зошто инаку, јас, кој сум роден Струмичанец не би можел во својот град да го прикажам филмот кој во огромна мера е инспириран од струмичани – реални луѓе и настани, реално опишани во филмот!? И секако, како тоа некои се ставивле над Законот на државата според функција, а некои според моралот и етиката на функциите на кои се избрани неправејќи, односно не превземајќи никакви дејствија освен што ми кажаа / напишаа неколку флоскули за нивните убедувања во слободата на изразувањето и творештвото!? Ќе си одговараат долго на овие прашања кога еден ден нема да се тоа што се сега: безумна сила, обезаконета во самољубие и страв! Знам дека ним им е потешко отколку мене, затоа што некои од нив мора да го прават и тоа во кое што не веруваат. Но сега е веќе доцна! Прашањето ,,Qvo vadis,, веќе не бара одговор, затоа што во целото ова ваше незнаење ,,каде одите,, наместо во реката Рубикон коцката, некои од вас во Тркајна си го фрлиле умот!
O, знам јас дека вие Градоначалник и вие Претседавач на Советот на град Струмица немате ингиренции врз Центарот за култура, но вие двајцата О комшии, сте првите луѓе на градот! Вие сте Градот, драги мои! Немањето ,,надлежност,, нема да ве ослободи од пред судот на историјата дека не сте овозможиле да се прикаже игран филм на ваш сограѓанин пред неговата публика во неговиот роден град! А тоа што го прави еден ваш јуришник на позиција Директор на Центар за култура па во цели 35 денови да не одговара на Барање на уметник за презентирање на уметнички чин во неговиот роден уметнички дом, во историјата се нарекувало и ќе се нарекува самовластие, диктатура и фашизам!
О тирани мои!
Сега е сосема е јасно дека разликите меѓу нас се непремостиви и непомирливи. И дека нашите разговори завршија! Јас, како и секој добронамерен и трезвен комшија ви укажував а вие одбивте да се соочите со вистината дека Струмичкиот Карневал е завршен и дека како градски татковци треба да ,,издадете проглас,, да се симнат Свастиките од Одборот и да се соблечат фашистичките и нацистичките униформи во кои три дена под маски беше дозволено да се глуми ариевизам според кој во името на ,,фирерот,, ќе се определува што е добро, што лошо, и што може а што не може да се прави во градот кој е предопределен само за оние со чиста карневалџиска крв! Време е да се прифати фактот дека Тримерите се завршени и дека сега сите сме исти пред редот, пред законот и пред Господинот, како и да го разбирате овој Последниот, О езуити мои!
Како поинаку да ви објаснам дека ова води кон тоа од мојот роден град да направите нацистички Нирнберг од триесетите години на минатиот век?! Како на друг начин да ви кажам дека ова карневализација на градот води навистина кон антагонизми кои во историјата завршиле со реално јадење ,,карне,, односно ,,месо,,! Но, вие ја одбравте својата страна. А јас пак мојата – страната на Струмица како отворен и слободен град. И ќе се борам да ја вратам таа слобода онака како што се бореле моите предци. И ви ветувам дека во таа Партизанска борба ќе направам се да ги разобличам и откријам сите оние карневализирани фашизоидни карнетури кои правото на творештво и слободата на изразувањето го разбираат навистина како јадење ,,живо месо,,!
И не се сомневајте, на денот кога со распарталесаните карневалски костими со ,,свиини пашки,, ќе се струполите надолу по корзото, повторно ќе има смисол говорот на Командант Мирко, кој на 5 ти Ноември 1944 година го одржал од ,,Тересата на Одборо,,! А вие, како и оние пред седумдесет и кусур години, чии ликови ги глумите денес, ќе се самораспередашете кон ,,Ракиџискиот мост,, а од таму, десно, па право на ,,Отпадо,, на историјата.
Е тој говор на мојот пра-дедо Генерал Боро Поцков почнува со: НИЕ ПОБЕДИВМЕ а завршува со: СМРТ НА ФАШИЗМОТ- СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Хрнологија на настаните:
Од 25 Септември кога поднесов писмено Барање до Центарот за култура Антон Панов Струмица, до денес се обидов да контактирам телефонски со Директорот Ванчо Патриков и пратив СМС порака но немаше одговор се до 10 Октомври кога се јави Патриков на интервенција на Градононачалникот на Струмица Костадин Јаневски со кого разговаравме тој ден а и подоцна разменивме СМС пораки на 10, 13 и 14 Октомври. Со Марјан Даскаловски претседател на партијата СДСМ и Претседавач на Советот на Општина Струмица зборував на 11 и 12 Октомври.
Но, разговарав телефонски и разменив и писмени пораки и со други видни струмичани членови на партијата СДСМ со влијание поголемо од сите тројца погоре споменати. Но бидејќи тие не обавуваат јавни функции тоа се приватни разговори кои и тогаш и сега сум ги разбрал само како желба за посредување и помагање да се надминат проблемите и недоразбирањата со разговори и меѓусебен дијалог. Но за жал без резултати. Ним им благодарам за трудот и добрите намери.
Извор: Јани Бојаџи (фејсбук)
Лично и персонално