Денеска јавноста во Македонија беше разбранувана со оставката на Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова од највисоката функција во оваа женска опрганизација во рамки на опозицијата.
Позади нејзината оставка официјално според исказот на Рангелова на нејзиниот фејсбук профил стои несогласувањето со политиките и активностите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Мицкоски, но во основа на оваа нејзина постапка најверојатно дека стојат многу подлабоки причини.
Имено од добро информирани внатрепартиски извори во опозицијата информирани сме дека станува збор за двојна агенда на овој висок партиски функционер во изминатиот период преку која што се нанесувала периодична штета на политиките и напорите на актуелното раководство предводено од Претседателот Христијан Мицкоски за зачувување на Уставното име на Република Македонија и непромена на Уставот со цел промена на името Република Македонија.
Дали се вистина ваквите сега за сега шпекулации останува времето да покаже.
Како што веќе известивме во текот на вчерашниот ден во редовите на опозицијата на клучни позиции стојат инсталитани поединци кои се активираат во даден момент со цел за подривање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ-партија која единствено стои на бедемот на непроменливоста на Уставниот карактер на Република Македонија.