Врз основа на Одлука на Советот на општина Сарај, сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.
Оваа одлука беше донесена денеска од советниците при општинскиот совет на општината Сарај.
Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.
Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво.
Додека во западниот дел од Македонија спроведувањето на законите од страна на институциите на државата функционира на еден либерален начин, во Источниот дел од Македонија секојдневно можат да се забележат инспекциски служби кои ги тресат од корен и така кревкото стопанство и бизниси.
Оваа пракса е позната со години наназад, за што граѓаните се доведени во една нерамноправна положба.
Никој не е против спроведувањето на законите во Република МАкедонија, но тоа треба да биде спроведувано со ист интензитет секаде со што некои граѓани не би се почувствувале дека државата за едни е мајка а за други маќеа.