На денешен ден, 13 Јуни во 1943 година го убија Кочо Рацин! Подемот на Црвената Буржуазија започна со убиство на најдобриот! Секој кој со својот ум, човечки интегритет и дела правел нешто за себе си и својот народ бил предмет на прогони, мачења и убиства! Така почна нивното владеење!
Пред да го ликвидираат го нарекоа колаборационист, националист, шовинист и отпадник! Го мразеа затоа што имаше талент! Тоа тие не простуваат! Затоа го бојкотирале на таков одвратен начин што некои од нив не само што јавно го одбегнувале на улица – туку и го плукале во лице за да покажат колку се добри партијци и “комунисти”!
Сеуште така владеат нивните деца и внуци! Кажувајте ми како ќе им простите затоа што вие не сте такви! Верувајте и понатаму дека ако вие им покажете љубов – тие ќе ја примат таа љубов и ќе ви возвратат братски и со уште повеќе љубов! Така си мислеше и оној со име на “Г” па единаесет години владеење посвети на тоа децата и внуците на Црвената Буржуазија да ги одоброволи да го “свиѓаат” и нарекуваат “брат
“! Ги сосипа со љубов и стотици милиони долари во облик на бизниси и “културно уметнички проекти`!
Колку повеќе им удоволуваше толку повеќе го мразеа и сметаа за слабак!
Му вратија со љубов во облик на
“”шарени бои”!
Јас не можам и нема да им простам никогаш за сето она што го правеле тогаш а продолжуваат да го прават и денес! И додека можам ќе ги потсетувам на тоа дека знаеме и кој се и што се! Особено тие што овие денови сакаат да се сокријат дека не се тоа за што се кажувале до вчера!
Не за друго, за да не бидат залудни животот и смртта на сеуште најдобриот од нас!
Почивај во мир, Мајсторе!