Антонио Милошоски кој сеуште претседава со собраниската Комисија за надворешни работи, бара од министерот за надворешни работи, Никола Димитров да се обрати пред матичната собраниска комисија и да го образложи одлагањето на одлуката за датум на ЕУ.
Димитров треба да ги запознае членовите на Комисијата со најзначајните активности на Министерството, за случувањата надвор од државата, потенцира Милошоски.