Во грчките медиуми на големо се пишува дека грчката влада ги живее последните денови.
Економијата им е катастрофа, па иако во август истекува третиот и последен “меморандум” за финансиската помош од ММФ и Европска централна банка, мерките за штедење се продолжуваат. Најжешкиот бран на смалување на пензиите до сега ќе се спроведе, на крајот на оваа и почетокот на 2019 година.
Овој бран ќе ги опфати и пензионерите со најмали примања, кои претходно беа поштедени. 250.000 пензионери ќе имаат “огромни намалувања” на пензијата почнувајќи од декември. Грчките медими пренесуваат дека намалувањата би биле и до 50% од пензијата.
Јасно ни е како граѓаните на Македонија го прифатија договорот со Грција. Но и јасен ни е ставот на грчката опозиција. Ако падне оваа власт, дали новата влада во Грција повторно ќе ни стави вето?!
Дали грците ќе бидат задоволни , а ние безимени или ќе се пронајде некое решение, ни преостанува да видиме.