Тандемот на СДСМ на овие избори ќе бил Заев и Шеќеринска. Се сеќавам дека 2008 истите овие луѓе ја водеа СДСМ, и тогаш беа тандем, и загубија со најголема разлика било кога.
Исто ќе биде и сега – ќе го доживеат најголемиот нокаут од народот на изборите на 12 април.
12 години подоцна во СДСМ ништо не се сменило и истите стари, истрошени и неспособни кадри се нудат за опција. Тоа е потценување на граѓаните и единствено нешто што може да се постигне со овие луѓе е повторување и продолжување на криминалот, корупцијата, елитизмот и олигархијата.
Ова се последните остатоци од транзицијата во Македонија и единствено за што е спремен овој тандем е пораз затоа што:
-СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри,
-Заев и Шеќеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени,
-гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев со поразот на 12 април мора да си замине од политиката.
Обновата доаѓа, а Македонија може повеќе.