Градот Химеџи во Јапонија е најпознат по својот дворец, но она што го прави посебен и необичен е едно од околните села, Окухарима, каде нема многу живи жители, и животни но има околу 100 креативно направени кукли плашила. Јапонците се најкреативниот народ во светот, и од обичното прават необично, и од едноставното, совршена креативност.
Симболично- креираните кукли во човечка големина ги има насекаде низ селото , каде често предизвикуваат чувство на страв на посетителите и бојазност. Полињата во ова село се полни со кукли, како и напуштените куќи. Куклите се наместени во секакви положби, со разни работни одела , изгледаат морбидно преку ден , а можете да замислите како би изгледала ноќната прошетка низ ова место. 61-годишниот Мастао Окауе е креатор на овие кукли и на самиот проект.
Неговата идеја била да се вратат младите кои го напуштиле тоа село но и да привлече туристи да ја погледнат неговата необичност и веќе реалност.