Во Петок, 09-ти Ноември од 20:00 часот, во Кафе Ли ќе се одржи промоција на новиот број од Стрип магазин „Деветка“, број 2.
Во овој број покрај домашни автори, се застапени повеќе гости автори, како од Србија, така и од Турција, па дури од Јапонија! На настанот после презентацијата ќе може да си купите примерок (по истата цена од 90 денари), а од наредната недела тоа ќе можете да го сторите и на сите продажни места за весници и списанија низ цела Македонија.
Повелете на дружба на уште еден стрип настан од издавачката куќа Стрип Квадрат, која се надеваме одамна ја очекувавте. Се гледаме!
-покануваат од страна на организаторите.