• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Археологија? Што беше тоа? (Обнова на македонската археологија)

февруари 12th, 2020 Македонија коментари 911

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Археологија? Што беше тоа? (Обнова на македонската археологија)

,,При ископувањето вчера беа откриени нови наоди, плоча со натпис на латински…‘’
,,Нова наколна населба, досега непозната за археолошката јавност, е откриена во рамките на истражувањата спроведени во третата кампања…“
,,Епохално откритие во Светиниколско, откриена Билазора – најзначајниот пајонски град…“’
„Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“…

Ова се наслови кои некогаш ја преплавуваа македонската јавност, наслови на кои секој би подзастанал и не би оддолеал, а да не го прочита напишаното. Понекогаш пренагласени, навидум нереални, на границата и надвор од границата на археолошката смисла, пренасилени текстови, реални текстови, но секогаш во фокусот, а честопати и главна тема на новинарството и пишаниот збор.

Многу простор на телевизиските екрани, радио приемниците, дневниот печат и интернет светот. Денес тие се само обични исечоци – споменари од едно време. Но ова е надминливо, ова е само сегашен приказ за една политичка и културна незрелост, која за среќа бргу заминува, поточно, со доаѓањето на пролетта, и ќе патува долго, надевајќи се дека еден ден зборот археологија за нив ќе е достоен! Како што би кажале театарџиите… штиците што живот значат, за археолозите тоа е сондата, лопатчето и метличка што живот значат!

Но животот го нема, го нема ни жешкото сонце, ниту, пак, досетливите археолошки шеги, звукот на безвременоста кога ќе дојдеме до првите наоди. Напротив, има бледи лица, кои замислете некогаш биле ведри, среќни и спремни за археолошка акција. За жал, од пред извесно време археологијата како да е забранета со закон, со УСТАВ!

Проблемот е суштински, силно метастазиран, и често знам да кажам дека македонската археологија е болна од тешка, многу тешка болест. И не сум далеку од вистината. Метастазирана болест низ минатото, преку одредени погрешни политики и лични желби за да имаме денес најсилно изразен културоцид, археоцид од невидени размери, и тоа баш така „без перде и срам“, по високи ИСИС стандарди, преку најсовремена охридска хитачи-хилта археолошка методологија. Во лажниот план за Живот, со безобразно злоупотребениот предзнак за европска и слободна култура, damnatio memoariae е нивното прво поглавје, бидејќи опседнатоста како што слушнав била сериозно опасна по нивната ген-матрица. Второто поглавје е нивниот НВО бизнис и личните интереси, ДА, таа лажна борба, борба без идеали, борба за пари. Третото поглавје е нашата тема, уништување на единствената егзактна наука меѓу општествените науки – науката пред која и боговите молчат, големата македонска археологија! Банирана наука врз пластот на непостоечката ,,страшна антиквизација“.

Зарем римскиот театар во Скупи е антиквизација? Зарем Стоби е антиквизација? Заливот на Коските и Плаошник во Охрид се антиквизација? Исплашени да не случајно археологијата изгради силен македонски идентитет и се трансформираме по брза постапка во антички Македонци со сариси во раце!? Да, овие елементи ги злоупотребија за да се фрли анатема на оваа наука, додека секаде во културниот свет археологија е движечка и носечка дејност. И замислете, за кратко време клетвата продолжи со Преспанскиот договор!

Доведени до целосна безидејност, анархија и хаотичност, и тоа на трон со растакултуртрегерот кој се круниса во шарените води на скопските улици како најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија.

На крајот од денот, археологијата е жртва, и тоа политичка. Тоа што се говореше е само едно големо лицемерие! Лицемерие се сите говори од Скопско Кале, скопскиот аквадукт, театарот во Скупи, Курбиново. Овие места, од каде што најавувавте културна ренесанса, се вашите најголеми злосторства. Злосторства кои македонската јавност долго ќе ги памети!

Од досегашното нивно владеење имавме доволно прилики да се увериме дека ниту умеат, ниту, пак, знаат да осмислат, а уште помалку и да спроведат реформи, а за успешно ракововодење на институциите од културата не станува ни збор. За овие три години од нивното владеење е повеќе од јасно дека културата за СДСМ била тоа што најмалку им значело, а археологијата целосно на маргините од култутрата, а нивната борба била борба без идеали. Гола Борба за пари и власт.

Дами и господа, дел од нивните „ремек-дела“ во прилог: напуштени, недоистражени, незаштитени и нереализирани археолошки локалитети, незаштитено археолошко движно културно наследство, расформирани и уништени музејски поставки, пропаднати музејски објекти и музејски депоа, намален археотуризам, запрени конзерваторски зафати со акцент на македонскиот црковен бисер во Курбиново, непочитување на препораките од УНЕСКО, понижени музејски работници, невработени археолози, намален број новозапишани студенти по археологија.

Исто така, во исчекување на Годишната програма за проектите од национален интерес за 2020 година, за која сум сигурен дека повторно ќе биде пораз за културата и културните работници, особено за археолозите, мора да кажеме ДОСТА е! Претеравте!

Главата високо горе колеги археолози! Крај за пониженоста на оваа дејност! Време е за нови откритија, но, пред сè, за работа, за многу работа.

Да ѝ дадеме шанса на Обновата на Македонија, на пролетната Македонија, која недвосмислено подразбира силна поддршка и обнова на македонската археологија преку најсилната програма која следува!

Пишува: м-р Владимир Атанасов за порталот cooltura.mk

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Три актуелни катрени на Васил Маневски
Следна објава Во Археолошкиот локалитет Исар Марвинци се случува Археоцид од прв степен
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 696
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 674
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1187
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1652
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202018
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.