“Денес на социјалните мрежи се појавија фотографии од археолошкиот локалитет Исар Марвинци во Валандово. Еден од бисерите на македонската археологија, археолошка ризница во вистинска смисла на зборот.
Но наместо археолошки локалитет кој нуди археотуризам имаме траорна слика, особено за нас археолозите!
АРХЕОЦИД ОД ПРВ СТЕПЕН! 🚨
Видливи траги од нелегални ископи, расфрлан археолошки керамички материјал, камена пластика, пропаднати објекти кои биле во служба на самиот локалитет.
Ова е грижата на СДСМ кон македонската археологија! Ова е вистинското лице за заложбите во културните политики!
Напуштени, недоистражени, незаштитени и нереализирани археолошки локалитети, незаштитен движен археолошки материјал!
Алармот е вклучен! ⏰
Доаѓа Обнова и за македонската археологија! 🇲🇰 “
-Фејсбук статус на М-р Владимир Атанасов


