Денеска, официјално во употреба беше ставена новата зграда на автобуската станица во Охрид, приватна инвестиција на комапнијата „Делфина турс“. Охрид добива модерна автобуска станица што е од исклучителна важност како за охриѓани така и за туризмот. „Делфина Турс“ во 2015 година на јавен оглас го купи земјиштето каде покрај автобуската станица, ќе гради и трговски центар.