Голем број битолчани, и гости од околните градови , уживаа во двочасовната музичка забава со белградскиот алтернативен рок бенд С.А.Р.С. „Битола отворен град“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето Бит Фест.
С.А.Р.С ја крена Битола на нозе, посетителите во прекрасно , опуштено располжение два часа пееја заедно со познатата српска група. Покрај “С.А.Р.С.“ на плоштадот за битолчани настапија и „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.