Интегрален текст од изјава за медиуми – Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Почитувани,
Покачувањето на плата на Уставните судии преку додаток на плата од цела 1/3 е незаконски и ништовно, но и крајно неморално во услови кога цела држава кубури со пари, заболените од Ковид немаат средства за лекување и затоа умираат, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата.
Секое покачување на плата на Уставните судии мора да оди преку Собранието, тоа не може да се случи на ниту еден друг начин, оттука нивната одлука е незаконска и со тоа ништовна, а го повикуваме Министерството за финансии да не се осудува да ја почитува оваа одлука, бидејќи истото ќе стори и кривично дело, ако тоа го направи.
Доколку пак е извршена било каква исплата по оваа основа, бараме парите веднаш да се вратат!
Собранието е заобиколено, никој друг не смее да биде законодавец освен Собранието. Овој преседан мора да запре.
Не знаеме од што се мотивирани Уставните судии на едно вакво дејствие, но ако истото е само да му се удоволи на Заев, кој можеби и ветил поголема плата на Кацарска,треба да знаат дека времето на безаконие во Македонија нема да трае вечно, и за секое противправно дејствие некогаш ќе има одговорност.
Уште полош е што еден ваков безобразен чин доаѓа во време кога пола милион граѓани живеат со под 130 денари на ден, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата онлајн.
Покачувањето не само што е незаконски, туку е и неморално, и затоа Уставните судии треба и да и се извинат на јавноста.


