Екипата на Сарајево од Босна и Херцеговина триумфираше на првото издание на баскет турнирот, кој се одржа на граскиот плоштад во Охрид во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), а е дел од Сателит програмата на меѓународната кошаркарска организација ФИБА. Босанците против тимот на српскиот Крагујевац триумфираа во завршниот натпревар. Првопласираната екипа на турнирот освои наградата од 2000 евра и место на Сателит турнирот во Марибор, Словенија. На турнирот учествуваа 30 екипи, а се очекува и да започне традиоционалниот турнир во одбојка на плажа, на почетокот од следниот месец како и традиционалниот Илинденски пливачки маратон.