Екипи на комуналното претпријатие веднаш излегоа на терен со своја градежна оператива за лоцирање и санирање на поголем дефект кој што се случи утринава на главен довод на вода за пиење за жителите на неколку населби во Штип.
Дотреаената доводна линија, како и драстичните осцилации на притисокот во водоводните цевки на дневна основа, причинуваат оштетувања кои што можат да доведат до вакви проблеми во овие летни денови.
Градоначалникот Иван Јорданов заедно со надлежните служби излезена терен со цел за брзо и ефикасно решавање на проблемот, за жителите да можат да продолжат нормално со своите секојдневни потреби и активности.
“Проблемите со застарената водоводна мрежа не запираат!
Поради настанатиот дефект на главната водоводна линија, денес неколку населби останаа без вода за пиење.
Екипите на водовод и канализација интензивно работат на отстранување на овој голем прекин на водоснабдувањето, кое е сериозен показател за потребата од трајно решение на проблемот со застарената водоводна мрежа.”
-соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов.