Во врска вчерашниот состанок на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на партијата Мицковски, Координтивното тело за протести во Европа , го испраќа следново дообјаснување:
Во неколкуте претходни наши деманти и појаснувања во врска на учеството на дијаспората во политичките разврски во Македонија, ставовите на Македонците кои протестираа повеќе од две години е кристално јасен, а тоа се дефинирање на црвените линии на македонските национални интереси. Во тој контекст, сите сили и партиски определби во Македонија кои соодејствуваат со нашите определби , секако дека го имат нашиот глас и подршка во заложбата за унитарна Македонија. Што се однесува пак, за вчерашниот состанок на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ , недвосмислен е фактот дека идеологијата на партијата е во согласност со националните интереси и се надеваме дека и претставниците се со ист став. Дијаспората јасно порача дека е против политиките на сегашнава илегална квинслишка влада и ја назадува државата да оди напред. Во тој дел сметаме дека ставовите на партијата со оние од дијаспората се комплетно идентични.
Ставот на дијаспората оди чекор напред, со тоа што и дава конкретна акција како да се запре владиното лудило и Македонија да остане како таква. Преку ставот за Бојкот на претстојниот референдум , координативното тело за протести во Европа па и подршка од Австралија и Канада, го искажува кристално јасно во кој правец ќе дејствува и до кој степен одредена политичка или не политичка групација ќе ја има подршката.
Доколку ставот на партија е за Бојкот, тогаш се нема никакви недоразбирања и работите ќе се движат во насока на запирање на уништувачката владина политика на Македонија.
Долу Влада! Бојкот референдум!
Македонија вечна!
Координативно тело за протести, Европа, Канада Австралија .
Женева, 18 август, 2018”