Со сретства од Бирото за регионален развој на Република Македонија во соработка со градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски наскоро ќе започне проектот за партерно уредување на центарот на селото Каратманово во општината.
Вкупниот износ на чинење на изведбените работи е над 1,7 милиони денари со што жителите на Каратманово ќе добијат еден целосно нов уреден и оплеменет јавен простор за подобрување на живеачката во селото.
“Денес со директорот на Бирото за Регионален Развој, г-н Ramiz Rexhepi го потпишавме договорот за реализација на ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО КАРАТМАНОВО”
Проектот е со вредност од 1 , 764, 743 денари
Каратманово за кратко ќе добие нов, урбан лик.. Нека е аирлија
п.с. Заеднички,Посветено и Одговорно…Има разлика “
-соопшти денеска во врска со овој проект градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.