Вчера бев физички нападната од градоначалникот на Општина Зелениково!
Ова е статус на фејсбук на една наставничка од Зелениково која барала прием кај градоначалникот Борче Гиевскина оваа општина.
Од МВР во нивниот Дневен билтен само кратко соопштуваат:
На 04.09.2018 година околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во билтенот на МВР.
Без дополнителни информации за случајот.