Градоначалникот на општина Виница Миле Петков по повод денешниот Меѓународен ден на Ромите во својот кабинет оствари средба со повеќе млади Роми со кои што разговараше за значењето на денешниот ден како и перспективите на припадниците на Ромската заедница во Виница.
Градоначалникот Петков од свое лично име и од името на општинската администрација упати честитка по повод денешниот ден.
“Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање се наша заедничка одлика. Затоа и унапредувањето на положбата на Ромите во секоја сфера во општеството е наша заедничка цел.
Општина Виница останува и понатаму да биде целосно посветена кон достигнувањето повисоки стандарди на полето на образованието, културата, спортот, здравството и во сите области кои се од огромно значење и за Ромите и за општеството во целина.
Во мое име и во име на општина Виница го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, на сите наши сограѓани од ромската заедница”