• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Чистото срце на ВМРО-ДПМНЕ денеска започна нова револуција за иднината на Република Македонија

ноември 28th, 2018 Колумна коментари 1164

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Чистото срце на ВМРО-ДПМНЕ денеска започна нова револуција за иднината на Република Македонија

Искри светлина од сите агли на државата напатена, денеска пристигнаа во Скопје да светнат во силен зрак светлина пред очите на Европа и целиот свет. Да му кажат на Зоран Заев и неговата ненародна, нелегитимна и недемократска власт дека време е да си заминат на буништето од историјата-онаа најмрачната.

Затоа што го поделија и закрвија народот, брат против брат, комшија против комшија, пријател против пријател…

Затоа што на денешен ден започнаа со еден од најсуровите прогони на Македонски слободољубиви граѓани кои ги затворија во затвори….

Затоа што полошо од ова што се случува во државата, нема…

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше силен крик на понижените и угнетените, под отровното Скопско небо кое власта нема абер да го расчисти, иако лажеа дека ќе биде поинаку.

Студениот ветер беше мотив плус да се покаже револтот против деструктивните политики на власта во името на сите оние кои останаа по своите домови да бидат неми сведоци на почетокот на уште една Македонска револуција.

Револуција на вистината, на заедништвото, на искреноста и љубовта кон татковината, таква каква што ни ја оставија нашите претци.

На врвот на слободарскиот оган кој жареше од очите на илјадниците горди и достоинствени Македонци и Македонки ечеше гласот на обесправениот граѓанин, низ зборовите на Христијан Мицкоски.

Тоа беа зборови на надеж, зборови кон храбар повик на обединување и збиени редови против црнилата надвиснати над ова парче благородна земја. Тоа беа зборови кои носеа со себе храброст за уплашените, светлина за оние покриени со темнината на оваа расипничка и неспособна власт, симболи на непокорот кој ја храни душата на овој народ.

Сега е тоа време, време е за акција. Ова не е битка за ден или за два, ќе трае подолго и свесен сум дека ќе се обидат со подмолниудари да нѐ поткопаат, да нѐ обесхрабрат. Но, ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме и нема алтернатива, дури и оние новите нивни поддржувачи коишто застанаа рамо до рамо со нив од вчера.
Сите заедно на купче ќе ги победиме. Борбата ќе биде нерамномерна и тешка, ама ќе победиме. И затоа таа победа ќе биде уште по велика, по голема. Затоа што ќе ја оствариме со заеднички сили!

-прозвучеа овие зборови низ помрачените ходници на зградата над Македонската Влада која стана упориште на неправдата и прогонот!

И токму од малата дрвена бина сред вулканот на Македонскиот непокор згрме кроткиот глас на Професорот, со моќта на вистината:

Зората ќе дојде, а ние сме искрата која што ќе ја донесе таа зора.
Зората ќе го разбие мракот!
Зората ќе ги победи црнилата!
Зората ќе донесе успех!
Зората ќе изгрее за секој еден од вас!
Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж, добрина и подобри времиња за Македонија и сите граѓани на нашата мила татковина!
Ова е зора за Македонија, мора да бидеме сите заедно, еден до еден, рамо до рамо и јас ви ветувам дека победата сама ќе дојде по себе.
Се гледаме многу скоро во некој од градовите во Република Македонија, се гледаме и овдека пред платото на Владата на Република Македонија.

Лицето на новото ВМРО-ДПМНЕ на студениот асфалт на Булевар Илинденска беше она вистинското, родено од извориштето и темелите на Македонската револуционерна борба и принципите на Македонско национално единство.

Овие горди браќа и сестри кои и покрај сите можни неприлики дојдоа со своето срце на дланка да го стоплат сопатникот до себе на патот до слободата кој штотуку започна, се бранот на слободата кој ќе го избистри ова мрачно балканско езеро, еднаш засекогаш… Езеро што е заматено од разно-разни белосветски матачи на вода.

Вечерва пред оградата која ги крие сега оние кои не така одамна лажеа дека ќе прават клупи од нејзе, проговори искрената желба да се оди напред и покрај се.

Овој напатен Македонски народ заслужува многу повеќе од опортунистички транзициони политичари кои немаат легитимитет пред народот.

Заслужува искреност, чесност, достоинство, напорна работа, знаење и пред се многу љубов… Љубов и заедништво!

Собирот траеше толку колку што требаше. Пораките од минатото се слушнати. Заврши времето на маратонските говори на величање на нечие дело.

Христијан Мицкоски е човекот кој го слуша овој народ, ги прима сите негови радости кои се се’ помалку присутни и сите негови таги кои станаа секојдневие под жезлото на деструктивната власт. Мудроста на народот можеше да се слушне низ пораките на овој човек. Овие зборови ќе родат во себе дела за паметење.

Патот е започнат!

Се наѕира светлината на новиот ден.

Останува на граѓаните на ова од Бога благословено парче земја да ја прегрнат во својата цврста прегратка, како би останала овде за целиот свет да го стопли.

Автор: Кирчо Анастасов

  • Ознаки
  • Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Христијан Мицкоски со почит се обрати со зборови на починатиот великан Горан Стефановски
Следна објава Сведоштво на Христо Матов: Охридско-Дебарското востание од 1913 е поголемо од Крушевското
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 902
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

681
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1984
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.