Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски, пред извесно време му упати писмо на Доналд Трамп со кое бара од Претседателот на САД да се обраќа на родната земја на неговите родители со името Македонија (енг. Macedonia).
Одговорот кој го добил од администрацијата на Доналд Трамп е малку чуден и неконвенционален.

Ви благодариме што посветивте време за да ги изразите вашите гледишта за прашања кои ја засегаат нашата земја. Иако можеби не се сложуваме за секое прашање, како ваш Претседател посветен сум да работам со Конгресот за изнаоѓање на заедничко стојалиште за да ја направиме САД посилна и по просперитетна. Се радувам на огромната можност што ќе работиме заедно во насока да решиме многу од нашите најважни проблеми за бенефит на сите Американци.
Итн, итн, итн….


