(Гледајќи го видеото во прилог се надеваме некој ќе успее да разбере што сакал да каже Зоран Заев)
Проектот за пругата Битола до пограничното село Кременица и крак со станица за индустриската зона Жабени, е проект започнат и за истиот целосно се обезбедени финанси (6 M€ ИПА средства, а 11 M€ од буџетот) во време на последната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Пругата е целосно изградена, извршено е пробно возење, но се уште не е пуштена во употреба. Зошто само СДСМ знае, или можеби и не знаат.Премиерот Зоран Заев пред една година ги наведе причините зошто се уште не е пуштена оваа железничка делница.
Верувале или не ја даде следната изјава ![]()
Зоран Заев: информатичката конекција, која чекаме да биде пуштена за менаџментот на возните линии, ќе биде многу често ставена во употреба… ![]()
Се надеваме и посакуваме пругата да биде што побрзо ставена во употреба.Но, исто така се надеваме дека Зоран Заев на свеченото пуштање ќе ни даде превод на оваа негова изјава и ќе ни објасни што сакал да каже со истата.
Реакција на Комисија за инфраструктура, транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ.


