Министерот за внатрешнми работи на Република Македонија Наќе Чулев денеска (петок, 10.07.2020 година) беше во работна посета на Регионалниот центар ИСТОК како и Одделението за внатрешни работи во Делчево.
Истовремно имаше повеќе средби со жители на Делчево при што продискутира за состојбите од надлежност на неговиот делокруг на работа.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата изјава дадена во рамки на посетата на Наќе Чулев на Делчево:
“Добар ден почитувани граѓани,
Денес бев во работна посета на Регионалниот центар ИСТОК кој што е лоциран во општина Делчево Делчево. Истовремено ја посетив Полициската станица односно Одделението за внатрешни работи во Делчево, а и остварив средба со граѓани. Целта на работната посета беше запознавање со актуелната состојба во РЦ Исток и во Одделението за внатрешни работи во Делчево. Главен акцент беше ставен на организирањето на Предвремените парламентарни избори при што бев информиран за планот за постапување на полициските службеници за време на претстојните избори меѓутоа и во предизборието. Од моја страна беше акцентирано и беше дадено јасна насока сите облици на предизборен поткуп на уцени и закани односно сите форми на изборни нерегуларности најстрого да бидат санкционирани, и веќе колегите од ОВР Делчево постапуваат по пријава за вршење на поткуп. Ги информирам граѓаните дека казните пропишани со Кривичниот законик за изборни нерегуларности се многу високи и до десет години казна затвор. Заради тоа ги повикувам да не се инволвираат и да не подлегнуваат на притисоци на политички партии, бизнис структури или криминални структури да се вклучат во изборни нерегуларности. Истовремено укажав на Командирот и Началникот да пренесат на полициските службеници да не се инволвираат во било какви или да не даваат поддршка за вршење на изборни нерегуларности туку да останат професионални до крај. И како Министерство за внатрешни работи да обезбедиме граѓаните најнормално и регуларно да си го остварат граѓанското право и да излезат на денот на гласањето. Ги повикувам истовремено сите граѓани на Општина Делчево да излезат на гласање во безбедни услови со маски, воопшто нема ризик од гласањето и во голем број да го остварат своето граѓанско право и да го дадат својот глас на онаа политичка опција за која што тие веруваат дека ќе им донесе подобар живот и борба против организираниот криминал и корупцијата.”