Интегрален текст на прес конференцијата на Весна Ничева- Кандидат за пратеник од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Почитувани,
Одговорната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на веќе направена преодна стратегија за справување со здравствената криза, во областа на образованието предвидува:
1. Покривање на топлиот оброк за децата од прво до петто одделение во период од септември до крајот на 2020 година.
2. Целосно ослободување од партиципација за академската 2020/2021 година за студентите во чие семејство месечните приходи во последните три месеци се намалени за најмалку 30%
3. Во случај на повторно прекинување на наставата во училиштата на есен, привремено ќе им се дадат на користење компјутерите од училиштата на децата од семејства со низок доход и државата за нив ќе субвенционира интернет со цел да можат непречено да ја следат наставата и да ги реализираат образовните активности.
4. Во случај на повторно прекинување на наставата на есен, ќе се доделуваат ваучери во износ до 12.000 денари за субвенционирање на студентите од семејства со ниски примања за купување на електронски уреди за следење на настава.
5. Ќе креираме национална онлајн образована платформа со снимени предавања за секоја лекција и тематска единица. На платформата ќе има можност за вмрежување помеѓу учениците и професорите, како и функционалност за поставување прашања.
Овие проекти ќе обезбедат сигурен образовен процес, доколку се појави потреба од продолжување на вонредните услови во областа на образованието.
Обновата нуди решение за секој предизвик со кој се соочуваме.
Затоа, изберете број 14!”


