Радмила Шекеринска во синоќешната дебата на една национална телевизија со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изнесе тврдење дека четири полициски службеници се заразени од COVID19, на денот на одбележување на Денот на полицијата. На ваквата небулоза искажана од страна на Шеќеринска одговори министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој истата ја окарактеризира како груба дезинформација и пласирање на лаги и невистини во јавноста.
Реакцијата на министерот Чулев во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемијата во нашата држава.
Факт е дека ваквото одбележување на која дадовме почит и признание на полициските полициските службеници од првиот ден е „трн во око“ на г-ѓата Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа.
Вистината е една, а тоа дека настанот за одбележување на Денот на полицијата се случи пред 12 дена. На истиот присуствувале половина од припадниците на Единицата за брзо распоредување и вежбата која беше изведена е дел од секојдневните задачи и обврски на оваа единица. На самата вежба полициските службеници, односно припадниците на ЕБР на себе носеа потребна заштитна опрема и ја почитуваа пропишана дистанца за целосна превенција и заштита од коронавирусот.
Воедно напоменувам дека Министерството за внатрешни работи беше првата институција која набави опрема за своите припадници и која до денес е ставена на нивно целосно располагање. Здравјето и животот на вработените во МВР е најважен приоритет за мене како Министер за внатрешни работи.
Дополнително, на крајот ќе ја прашам мојата колешка во Владата ако толку многу е загрижена за припадниците на полицијата и армијата, како втор човек во Владата зошто до сега не иницира бонус плата за припадниците на МВР и АРМ кои се во првите редови во справувањето со коронавируот? Или пак таа загриженост е видлива само кога е во интерес на исполнување на дневнополитичките цели и агенди на владејачката партија. Навистина е грубо и некоректно, политичките поени или сопствениот ПР да се гради со груби невистини поврзани со здравјето и животот на полициските службеници.”


