Легендарниот ДиКаприо не само што плени со физичкиот изглед, туку и воодушевува со неверојатната интелегенција, искуство и талент кој го има во себе. Популарниот Лео истакна неколку мисли за кои смета дека доколку секогаш им се придржувал , сега ќе бил уште посреќен.
„Јас не сум тип на човек којшто се обидува да биде кул или тренди. Јас сум дефинитивно индивидуалец.“
„Доколку можеш да продолжиш да го правиш, она што знаеш најдобро да го правиш и притоа да си среќен, тогаш ти веќе си понапред во животот од поголемиот број луѓе.“
„Да бидам искрен, мислам дека никогаш не очекував да добијам Оскар, бидејќи истиот не е мојата мотивација кога ги глумам улогите. Ме мотивира тоа што имам можност да работам со неверојатни луѓе и да создадам дело, на коешто ќе можам да се навратам со гордост.“
„Најдобрата работа во врска со глумата, е тоа што можам да се изгубам себеси во некој друг лик и плус да бидам платен за тоа… Тоа е одличен излез. Не сум сигурен кој во суштина сум – по сè изгледа, се менувам секојдневно.“
„Сакам да патувам заедно со пријател… Сакам покрај себе да имам некој којшто ќе ме враќа назад кон корените, кон она што јас сум. Тешко е да се биде сам.“
„Никогаш не сум бил Ромео, кој сретнува некоја девојка и се „затрескува“ во неа во истиот момент. Напротив, за мене заљубувањето бил многу побавен процес, секојпат кога сум бил во врска.“ „Не можам да сфатам зошто не би можел да имам пријатели од двата пола, без да циркулираат жестоки гласини поради тоа. Тоа е лудост!“
„И јас сакам да бидам кретен како и моите пријатели, да се забавувам и да не се грижам за последиците од моето однесување, но јас едноставно не можам да го правам тоа сега.“
„Привлекував внимание во школо, преправајќи се дека сум хендикепиран, скокајќи наоколу со ‘деформирана’ рака.“
„Многу е лесно да паднете во стапицата на верување, во сето тоа што во јавноста се пишува за вас… Кој знае? За неколку години, можеби ќе ме пронајдете и во психијатриска болница!“
„Отсекогаш сум бил спонтан и дружељубив… Имам пробано многу нешта во животот, што значи дека имам доста големо искуство, а тоа е добро бидејќи имам доволно материјал со којшто можам да работам како актер.“
„Каде и да одам, некој ме зјапа и не можам да сфатам дали тоа го прават бидејќи ме препознаваат или бидејќи мислат дека сум чудак.“
„Мојата мајка, Ирмелин ме научи за вредностите во животот. Таа е чудо во движење, а нејзиниот живот бил спасен од страна на мојата баба, во Втората светска војна.“
„Јас претпочитам обични девојки, како на пример студентки, келнерки и слично. Повеќето од девојките со коишто излегувам ми се само добри пријателки. Само затоа што ќе отидам во кино со некоја девојка, тоа не значи дека ние сме во врска.“
„Успеав да си го задржам умот бистар и здрав во шоубизнисот, бидејќи настрана од камерите, не заборавив како да бидам дете.“
„Јас навистина не знам што правам… Не знам. Ужасно е. Влегувам таму и учам како да се однесувам согласно со ликот којшто го глумам, се трудам најдобро што умеам и тоа е сè што јас навистина правам.“ „Да ме нарекуваат секси фраер, на некој начин ме вознемирува и ми создава непријатно чувство.“
„Најверојатно нема да се оженам, освен ако не живеам со партнерката минимум 10 или 20 години. Но, овие луѓе (Ромео и Јулија) ја искористија шансата и го сторија тоа. Ние ја немаме храброста којашто Ромео ја имаше.“
„Немојте ни за момент да помислите дека јас сум сличен на ликовите коишто ги имам глумено. Не сум. Затоа професијата се нарекува ‘глумење’.“
„Секој во животот, има поминато низ нешто коешто го има променето на начин што, никогаш нема да може да се врати назад на личноста којашто некогаш била.“
„Само ти и никој друг може да ја промени твоја ситуација. Немојте вината да ја префрлате на некој или нешто друго. “
„Погрешните контакти ќе ви носат шок во текот на животот, но вистинските ќе го осветлат. ”
„Доколку го направивте најдоброто што можете, грижата околу тоа нема да промени ништо. Ако сакате да биде успешни, почитувајте само едно правило – продолжете напред.“
„30 години е многу добра возраст за еден актер: на овие години можеш да глумиш и млади и стари мажи.“
„Бидете им благодарни на тешките периоди, бидејќи тие ве направиле она што сте денес.“
„Никогаш не дозволувајте му на неуспехот да ја преземе контролата врз вас.“
„Љубовните врски се како електрична струја.“
„Обрнувајте посебно внимание на луѓето коишто не ви аплаудираат кога победувате.“
„Секој од нас го имаат оформено спомените коишто ги имал кога бил млад.“
„Работете сè до оној момент, кога сумата во банка ќе започне да изгледа како телефонски број.“
„Љубов на прв поглед? Дефинитивно верувам во тоа! Мораме да ја задржиме вербата дека такво нешто постои. Мислам, на кој не му се допаѓа идејата да сретне некоја утре и таа жена да биде љубовта на неговиот живот? Тоа е толку романтично.“
„Убијте ги со успех и закопајте ги со насмевка.“
„Јас сум 97% сигурен дека не ви се допаѓам, но сум 100% сигурен дека не ми е гајле.“
„Поздрав до сите мои хејтери, имате уште многу нешта да очекувате од мене!“
„97% од луѓето коишто се откажале премногу рано, се вработени кај тие 3% проценти коишто никогаш не се откажале.“
„За да се приклучите на тој 1%, морате да го правите она што 99% не се осмелуваат да го направат.“
„Јас ќе успеам и ниедна сила во овој свет нема да ме спречи во тоа.“
„Ова е бизнис! Оставете ги вашите емоции пред вратата.“
„Живели на сите оние коишто се сомневаа во мене.“
„Заљубете се во личност којашто ќе ужива во вашето лудило, а не во некој идиот кој ќе ве принудува да бидете нормални.“
„Работете сè до оној момент, кога нема да имате потреба да се претставувате себеси.“
„Насмејте се, климнете со главата, согласете се и направете го токму она што го планиравте претходно.“