• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Цветан Трипуновски: Во новата програма за директни плаќања во земјоделието власта крати повеќе од 40 милиони евра од земјоделците

февруари 12th, 2022 Македонија, Политика коментари 381

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Цветан Трипуновски: Во новата програма за директни плаќања во земјоделието власта крати повеќе од 40 милиони евра од земјоделците

Во врска со новата годишна програма за директни плаќања во областа на земјоделието, денеска своја прес конференција имаше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во јавноста изнесе повеќе бројки и податоци кои говорат кратењето на финансиски сретства за земјоделците за тековната 2022 година.

“Власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра , и во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеа.

Со новата програма за директи плаќања во земјоделството власта предвидува само 58 милиони евра, односно од ветените 100 милиони евра директни субвенции нема ни трага ни глас. Накратко ќе ви презентирам во неколку примери за катастрофалните кратења во програмата за 2022 година и лошата поставеност од отсуството на развојната компонента во истата. Во програмата за директни плаќања за 2022 година која што е објавена во Службен весник на Република Македонија и во мерката 1, каде што се предвидуваат директните плаќања за растително производство 2 милијарди денари. 2милијарди денари се во вкупен износ во 32,5 милиони евра. За да разберат сите за какво кратење станува збор ќе се обидам со еден пример да ја доловам ситуацијата. Ако ја земеме најголемата категорија на земјоделци во Република Македонија тоа се тутунарите, кои што и покрај лошите политики на министерството во овој сегмент, оваа година реколттата ќе тежи некаде околу 18 милиони килограми, помножено со сумата со која што треба да ја добијат како субвенција добиваме сума од 20 милиони евра. Значи од вкупно предвидената сума 32,5 милиони евра, кога ќе ги одземеме тутунарите добиваме сума односно разлика од 12,5 милиони евра. Замислете почитувани со 12,5 милиони евра во Република Македонија за 2022 година треба да бидат покриени поледелски култури, градинарството, овоштарството, лозарството, и сите под мерки кои што ги предвидува министерството.

Како што рече тој, во мерката 2 директни плаќања во сточарството, владата предвидува мизерни 3 милиони евра субвенции за оваа категорија на земјоделци. Пластично со еден пример ќе ви доловам во каква ситуација планираат да го доведат сточарското производство власта предводена од СДСМ.

Во табелата каде што стои за одгледувачите на овци, во новата програма министерството предвидува намалување за 300 денари за сите одгледувачи на овци затоа што минатата програма беше 1300 денари по грло, а сега е 1000 денари. Во новата програма исто така се врши кратење од 300 денари за задржано женско јагне каде што сега субвенцијата изнесува 700 денари, а минатата година беше 1000 денари, а сега е 700. Помножено со вкупниот број на овци и јагниња кои што се одгледуваат во државата добиваме сума од 3,5 милиони евра кратење во овој сегмент. Манипулацијата на власта за да ги изманипулира сточарите воведува нова мерка каде што ќе дава по 400 денари за заклано јагне во кланички капацитет и помножено со сумата која што од прилика Република Македонија ја има со заклани јагниња, се добива дека министерството ќе импутира 1 милион евра во овој сегмент. Разликата од кратењето од 3,5 милиони евра, со импутот од 1 милион евра, добиваме разлика односно кратење од 2,5 милиони евра. Тоа значи дека сите сточарски гранки во Македонија вклучувајќи го свињарството, говедарството, живинарството, производителите на млеко и месо нема да можат да добијат субвенции во наредната 2022 година. Во интерес на времето, сите под мерки кои што ги има во програмата би се задржал само за крај во делот на мерката 11 а тоа е за останатите обврски од претходните години. Практично со оваа мерка власта признава дека она за кое што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира и кажува дека субвенциите не се исплаќаат на времено и доцнат, оваа мерка со 16 милиони евра предвидени средства практично е признание на власта дека имаме неисплатени субвенции од претходни години. Сето ова се случува кога Љупчо Николовски повторно е на чело на министерството. Човекот кој го запусти земјоделието, сега се врати да доуништи тоа што останало.

Наместо заедно со Ковачевски да се заложат за поголема помош и земјоделците да имаат егзистенција, тие сериозно кратат од субвенциите. Недомаќинското работење на СДСМ удира по земјоделците. Се крати од нив за да има пари за матни тендери. Ова наскоро ќе стане минато, затоа потребни се брзи предвремени избори час поскоро и промена на власта каде ќе покажеме како навистина се делува и се ставаат земјоделците на пиедесталот на приоритетите,

-соопшти на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За какво влакно станува збор?
Следна објава Пред Св. Трифун исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1589
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1738
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.