Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство во техничката влада на Република Македонија Цветан Трипуновски денеска се наоѓа во работна посета на земјоделците од општината Долнени. Во текот на вчерашниот ден овој дел од државата беше тешко погоден од невреме со што предизвика штети за земјоделците врз леите за тутун за расадување.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Цветан Трипуновски во врска со ваквата негова активност:
“После вчерашното невреме денеска сум во посета на општина Долнени.
Најпогодено е селото Заполжани и околијата каде што градот уништил и до 80% од леите со тутун за расадување. Она што мене дополнително ме загрижува е фактот што три дена претходно Трајан Димковски промовираше систем со авионско засејување на облаците како первенција за град платен 1 милион евра народни пари истиот се покажа како нефункционален и апсолутно некорисен за земјоделците.
Време е да се стави крај на непотребно трошење државни пари за нефункционални и бескорисни проекти од страна на овој хибриден режим. Време е оваа катастрофална гарнитура на власт да замине во историјата!”