Доктор Маријан Миленковски од Пробиштип во јавноста упати реакција во врска со состојбите во кои се уште работат околу 800 до 1000 конфекционерки и покрај препораките на сите надлежни во врска со пандемијата на Корона вирусот.
Тој упатува загриженост за состојбите во погоните во кои што работат овие вработени но и оние кои патуваат со организиран превоз во фабриките во Штип секојдневно.
Во продолженние ја пренесуваме неговата реакција упатена во јавност:
“Почитувани сограѓани,
очигледно е дека мерките што ги превзема оваа Влада не се доволни за да се спречи ширењето на оваа епидемија.
Го поставуваме прашањето како да превенираме кога 800 до 1000 конфекционерки се на своите работни места и се иземени од мерките на владата (200 од нив вработени во текстилно кожарската индустрија патуваат во Штип), знаејќи ги условите во кои работат и преполните автобуси за Штип.
Може само да се надеваме дека нема да дојде до најлошото во оваа трка за профит на сопствениците на текстилни фабрики.
Бараме итно иницирање од страна на општина Пробиштип и Градоначалникот до Владата на Република Македонија за спроведување на антикризни мерки за заштита на вработените во овој сектор и обештетување на работодавачите според антикризните мерки кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.
Во спротивно се ова што е превземено е бесмислено доколку нѐ внимаваме на потенцијалните жаришта.
Еден заразен во конфекција значи еден град.
Знаејки ги сите условите во кои тие работат.
Здравјето и животите на нашите граѓани ни се пред и над сѐ…”