Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОВ 1941-1944 година во центарот на Делчево се одбележа 80 годишнината од денот на кревањето на Македонското востание против фашистичките окупаторски сили во Втората Светска Војна.
Свое учество на настанот имаше и кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со дел од кандидатите за советници.
“Нека е вековит 11 Октомври – празникот кој денес го чествуваме поради оние кои ја имале храброста да се борат и да застанат цврсто и одлучно против фашистичкиот окупатор.
Поклон до земја, благодарни сме за сѐ она што го направиле за ние, сегашните генерации, да имаме своја држава, своја татковина, вековита Македонија.
“
-напиша на фејсбук Д-р Николчо Стојменовски- кандидат за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


