Кандидатот за градоначалник на Делчево Горан Трајковски од СДСМ преку промотивен видео спот презентираше дел од своите намери кои што ветува дека ќе ги реализира во наредните 4 години како старо-нов градоначалник на Делчево.
Тој прв ударен проект во своето видео обраќање кон граѓаните од кои ја бара по втор пат довербата го спомнува проектот “Современа пречистителна станица”, по што спомнува други негови заложби со општи флоскули без конкретни проекти кои планира да ги реализира како и нова детска градинка.
Останува нејасно во јавноста дали оваа Современа пречистителна станица ќе биде навистина реализирана имајки го предвид фактот што проектот за изградба на фабрика за вода се уште не е реализиран и делчевчани мака мачат со квалитетна вода за пиење, иако рокот за изградба на истата беше 2020 година даден во неговата претходна предизборна програма.

Целиот промотивен спот на Горан Трајковски со ветувања за наредните 4 години може да го погледнете во продолжение: