Кандидатот за градоначалник на Свети Николе Дејан Владев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ придружуван од кандидати за советници во општинскиот совет, денеска положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на паднатиот бранител Александар Серафимов и загинатите борци од Втората Светска Војна..
“По повод 11 Октомври – ден на народното востание на македонскиот народ положивме свежо цвеќе пред споменикот на паднатиот бранител Александар Серафимов и загинатите борци од втората светска војна.
Да ни е вековит празникот !!!
Да ни е вековита Република Македонија “
-напиша на фејсбук Дејан Владев-кандидат за градоначалник на Свети Николе од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по повод денешниот празник.


