Васвија има само 3 години и боледува од тумор на мозокот. Во моменетов е сместена во Систина каде е оперирана итно, бидејќи во државна болница се откажале од операција. Но Васвија не се откажа да се бори за својот живот!!!
Немајќи излез и во борбата за живот за своето дете родителите ја носат во Систина каде ја оперираат под итно за да и го спасат животот. Таа е сега на апарати и има надеж дека се може да заврши успешно.
Но како да платат родителите? Како ќе ги подмират трошоците во Систина? Како да го платат лекувањето?
“Бевме приморани да ја однесеме на приватно, во Систина се нафатија да ја оперираат, не размислувавме воопшто колку ќе не чини, размислувавме само како да ја спасиме… Само сопругот е вработен…
Потребна ни е помош од хуманите граѓани, потребна ни е поддршка од сите за да ја спасиме нашата керќа, потребни ни се вашите молитви…”
-низ солзи ни раскажа нејзината мајка која ни се обрати за помош. Да спасиме едно дете, да спасиме еден живот.
Васвија има само три години а полна е со живот.
Да донираме со повик на 143404 (за Телеком корисници) и да бидеме дел од оваа борба.
Да ја покажеме хуманата страна
Извор – хумана страна