Вчера, на 30.03.2019 година, при вршење на своите работни задачи во близина на патот Струмица-Просениково, физички е нападнат пожарникар од ТППЕ Струмица.
И покрај тоа што во изминатиот период речиси деноноќно пожарникарите од ТППЕ Струмица се на терен, поради пожарите кои зафатија многу делови на државата, но до голем дел од граѓаните воопшто не допираат никави апели, а се апелира скоро секој ден.
Секој напад врз пожарникар- спасител за време на дожност се води како кривично дело, напад врз овластено лице од областа на безбедноста за кое се предвидени затворски казни.