Знам дека сте крајно арогантни. Дека самобендисаноста е вашето презиме. Дека потценувањето и понижувањето за вас се како Добро утро и Добар ден. Брендирани сте со цинизам. Насмевките ви станаа толку стаклени, што не се издржува повеќе.
… И почнавте да се распрснувате, токму како и стаклото. Почнаа да ви попуштаат рабовите по сите страни. Ни коронава веќе не можете да ја “пренамените”.
Имаше баба ми на времето експрес-лонец со дупло дно. Вие стигнавте веќе и под дуплото дно.
Не знаев само дека веќе не можете да си ја контролирате паниката заради загубата, која ве демне зад секој агол. Страв ви е да свртите позади следниот. Избезумени сте, исто како ранети ѕверови. Затоа почнувате и вербално да нè напаѓате и да ни се заканувате.
Вчерашниот обид да го нападнете братот Дурловски го чувствувам исто како да е направен обид и врз мене… Напаѓајте, не ви се плашиме. Ова е само доказ за вашиот очај и поразот кој ви следи.
А, кога веќе сте одбрале ваков метод на пресметка со нас, бидете барем малку похрабри и подостоинствени. Но, што знаете вие што се храброст и достоинство?!?
-Фејсбук статус на Дафина Стојаноска.


