На социјалните мрежи Министерот за здравство Венко Филишче упати јавно барање до граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување поврзано со менталното здравје и ефектите кои што актуелната криза со Ковит-19 ги има врз самите граѓани.
“Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“ кое е доброволно и анонимно. Информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони.”
-напиша на твитер Филипче и дообјасни:
Истражувањето се спроведува во повеќе европски земји, а координатор за Северна Македонија е Клиниката за психијатрија. Да им помогнеме на истражувачите за подобро да ги разберат последиците по менталното здравје од целата криза со коронавирусот.
После едно вакво барање еве и ние ќе си дозволиме да прашаме:
КАКО СТЕ?



