• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско

јуни 3rd, 2020 Култура и традиција коментари 1373

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско

Денеска од страна на Православниот Христијански народ се празнува големиот духовен празник посветен на Св. Цар Константин и Царица Елена.

Денеска е световен собор на селото Разловци, делчевско, во чии што пазуви до пола од своите ѕидови вкопана во земја се наоѓа црквата Св. Цар Константин и Царица Елена.

Денеска селото Разловци во Пијанечко како место од кое е роден Македонскиот непокор и борба за слобода на Македонскиот народ ја започнува серијата на раскошни и преубави световни собори кои во период од годината што следува се празнуваат како собори-празници на секое село во Пијанец.

Во предвечерието на денешниот ден од памтивек се метат дворовите, се средуваат тремовите, се редат масите и столовите, се тресат од прашина килимите, се вадат од визбите последните бочви и шишиња од ланската ракија… Домаќинките ја подготвуваат својата “руба”, а домаќините најубавите “брдничави” панталони….

Дечињата ги слушаат приказните на своите дедовци и баби како на времето било и се случувало…

Така барем било во минатото…

Денес….

Утрото на 3-ти Јуни целото село уште еднаш се буди од својата потиштеност од бремето кое полегнало како утринска слана меѓу автентичните селски куќи кои говорат за богатиот и креативен градителски набој и умешност на овој народ, на овие падини на Голак и Средна покрај реката Брегалница….

Ах денес… Селото Разловци живее во својата сиромаштија, голем дел од куќите оставени на забод на времето, по некој старец седи покрај главната селска улица која е дел од недоизградениот регионален пат Делчево-село Тработивиште- село Разловци- село Митрашинци. Помеѓу покривите на трошните куќи кои ја чинат типичната селска архитектура, се наѕира Спомен домот на Разловечкото востание, кој се уште стои покриен со битуменска фолија и го нема оригиналниот покривач од специјални камени плочи, кој беше отстранет со цел да се замени со нов, но попусто… тоа не беше направено.

Покрај последните куќи од селото тече реката Брегалница, која како да сака да раскаже за болката која и’ тежи од ѓубриштата покрај нејзиниот брег. Во далечината од спроти се гледаат првите колиби на разловчани, до кои требаше да води нов мост преку реката, но попусто… Од мостот постојат неколку бетонски елементи распослани во коритото на реката а истиот останува само бледа желба на Разловчани.

Колку само празни ветувања…..

На пат кон центарот на селото….

Наидуваме на срамежливо затскриената црква Св. Цар Константин и Царица Елена.

Сместена во село Разловци, оваа црква покрај верската улога и значење низ историјата одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај. Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година.

Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.

Овде во преубавиот двор се уште стои Божјиот завет за слобода… Од десниот ѕид внатре во црквата се забележуваат горди и стамени погледи на водачите на Разловечкото востание од 1876 година. Поп Стојан, Цоне Енгелизо…. се уште раскажуваат за тие славни времиња со својот лик.

Целиот фрскоживопис на црквата е приказна сама за себе…

Во горниот дел од дворот се наоѓа старото училиште во кое што започнала да се реализира интензивна и богата просветителска дејност во втората половина од XIX век. Зграда која може да биде реконструирана и уредена во убав едукативен, мултимедијален, културен, духовен и верски центар… Сега стои отфрлена од модерното време и оставена да пропаѓа под налет на заборавот…

Просветителската дејност сега се одвива во новата училишна зграда на подрачното училиште Св. Климент Охридски на чии што ѕидови и ден денес стојат испишани пароли кои се светол патоказ за денешните и идни генерации.

Камбанаријата во дворот на црквата претворена во телекомуникациски предавател немоќно говори за својата духовна и историска вредност…

Црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” опстојува немо и гордо како вреден духовен, културен и световен споменик како жив сведок на премрежјата што се имаат случувано во ова Пијанечко гордо село, сместено како орелско гнездо во пазувите на планината Голак.

На излез од дворот на црквата се свртувам уште еднаш кон овој духовен бастион, се прекрстувам и помолувам…

Нека светне силно сонцето за овој народ!

Кон центарот на селото на човек не може а да не му надојдат разно-разни мисли… што од гнев, што од љубов…

А таму некаде во средината на селото стои селскиот бунар како горд сведок на времињата. Некогаш служел за вадење на вода за пиење, а денес е место во чија сенка секој добронамерник може да ја започне да го истражува ова богато кутлурно-историско поднебје.

За мене овде заврши денешната рана утринска прошетка низ село Разловци.

За приказните кои ги слушнав од прекрасните разловчани-друг пат….

Денеска селото Разловци ги чествува своите заштитници Св. Цар Константин и Царица Елена.

Во евангелските книги стои запишано:

Рoдитeли на Кoнстантина му билe царoт Кoнстанциј Флoр и царицата Eлeна. Флoр имал уштe дeца oд втoрата жeна, нo oд Eлeна гo имал самo Кoнстантин. Кoга сe зацарил, Кoнстантин имал три гoлeми бoрби: eдна прoтив Максeнциј, тиранин вo Рим, втoрата прoтив Скит на Дунав и трeтата прoтив Византијцитe.

Прeд бoрбата сo Максeнциј, кoга Кoнстантин бил мнoгу загрижeн и сe сoмнeвал вo свoјoт успeх, пo eдeн дeн му сe јавил прeблeскав крст на нeбoтo цeлиoт накитeн сo ѕвeзди и на крстoт билo напишанo: “Сo oва пoбeдувај”. Вoсхитeн, царoт нарeдил да сe направи гoлeм крст, сличeн на oнoј штo му сe јавил и да сe нoси прeд вoјската. Сo силата на крстoт, тoј ја дoбил славната пoбeда над брoјнo надмoќниoт нeпријатeл. Максeнциј сe удавил вo рeката Тибар. Вeднаш пo тoа Кoнстантин гo издал пoзнатиoт Eдикт, вo Миланo вo 313 гoдина, да прeстанат гoнeњата на христијанитe.

Пoбeдувајќи ги Византијцитe, тoј изградил прeкрасeн прeстoлeн град на Бoсфoр, кoј oд тoгаш e нарeчeн Кoнстантинoпoл. Нo прeд тoа, Кoнстантин паднал вo тeшка нагрдна бoлeст. Вражачитe и лeкаритe му сoвeтувалe какo лeк капeњe вo крвта на заклани дeца. Тoј тoа гo oдбил. Тoгаш му сe јавилe апoстoлитe Пeтар и Павлe и му рeклe да гo пoбара eпискoпoт Силвeстeр, кoј ќe гo излeкува oд страшната бoлeст. Eпискoпoт гo пoучил вo вeрата христијанска и гo крстил и нагрдата исчeзнала oд нeгoвoтo тeлo.

Кoга настанал раздoр вo Црквата пoради интригантoт и eрeтик Ариј, царoт гo свикал “ Всeлeнски сoбoр вo Никeја вo 325 гoдина, кадe штo eрeста била oсудeна, а правoславиeтo утврдeнo. Свeта Eлeна, благoчeстивата мајка на царoт, мнoгу рeвнувала за вeрата Христoва. Таа гo пoсeтила Eрусалим и гo прoнашла Чeсниoт Крст Гoспoдoв, и сoѕидала на Гoлгoта црква пoсвeтeна на Вoскрeсeниeтo и уштe мнoгу други цркви пo Свeтата зeмја.

Вo свoјата 80. гoдина сe прeтставила oваа свeта жeна прeд Гoспoда, вo 327 гoдина, а цар Кoнстантин ја надживeал свoјата мајка за 10 гoдини и сe упoкoил вo свoјата 65. гoдина, вo 337 гoдина, вo градoт Никoмидија.

Нeгoвoтo тeлo билo пoгрeбанo вo црквата на “Свeтитe апoстoли” вo Цариград.

Селото Разловци е село е од збиен тип со релативно зачувана селска архитектура. Сместено е во многу убава природа и е погодно за развој на селски туризам. Во близина на селото се наоѓаат и познатите свети извори т.н. Свети води, покрај реката Брегалница. Посебно обележје на селото се колибите каде што селаните ја чуваат стоката и ги складираат плодовите од земјоделието.

Селото Разловци секоја година во средината на месец мај го чествува денот на кревањето на Разловечкото востание на 8 Мај (стар стил) или 20 Мај (нов стил) со низа на свечености и културно уметнички содржини. Во 2013 година во чест на востанието за првпат беше инициран, организиран и реализиран планинарски марш од село Тработивиште до селото Разловци кој што до ден денес традиционално се реализира. Таа година повторно во селото на впечатлив начин беше донесена копија од знамето на Разловечкото востание на кое стои испишано “Станете да ве ослободам” (со архаичен израз- “Станете да ви освобода”.

Оваа реплика на знамето на Разловечкото востание стои положено во посебна ветрина во Спомен домот на Разловечкото востание да сведочи за историскиот белег кој што разловчани и воопшто нашиот народ го имаат дадено како свој прилог кон историјата во борбата за непокор и слобода на целото човештво.

Нека е вечен денешниот празник, Св. Цар Константин и Царица Елена, нека е за многу години, мои горди Разловчани.

И за крај повторно ќе го афирмирам прашањето кое го истакна пред нецела година една наша авторка:

Дали и колку сме достојни?

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Кој го вози службеното возило на директорот на Управата за финансиска полиција додека тој е во самоизолација?
Следна објава Филипче бара од Македонците да учествуваат во истражување за ментално здравје
Може да Ве интересира:
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 581
Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија
Култура и традиција

Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија

август 11th, 2022 449
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
Историски личности

Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме

април 15th, 2022 828
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ
Култура и традиција

Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ

јануари 21st, 2022 783
Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА
Култура и традиција

Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА

август 1st, 2021 734
Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН
Култура и традиција

Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН

август 1st, 2020 659
Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење
Култура и традиција

Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење

јуни 23rd, 2020 784
Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!
Култура и традиција

Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!

јуни 4th, 2020 1049
ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил
Култура и традиција

ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

мај 24th, 2020 1066
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2715
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1674
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.