Од ѕидовите на Македонските свети објекти, вековните камења по кои се распознава Македонија, штитовите и облеката на Македонската Фаланга создадена од една од најмоќните и најзначајни династии во историјата на човечката цивилизација- династијата на Аргеадите, преку старите цркви, манастири и останати духовни објекти, на 11 август 1992 година шеснаесет зрачното златно-жолто сонце на црвена подлога како вековен симбол на препознавање и себеидентификација на Македонците беше прогласено за официјално знаме на Република Македонија.
Сплетот на околности со обидите на сите негатори и противници на Македонскиот идентитет и постоење од тој момент за бришење на овој идентитетски симбол продолжија и до ден денешен, а веројатно ќе продолжат се додека постои и последниот Македонец.
Но едно е сигурно! Македонија и Македонското постоење и од гробовите на секој еден Македонец ќе продолжи да свети со светлината на овој симбол за да го осветли светот со својот дух.
Амин.