• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН

август 1st, 2020 Култура и традиција коментари 662

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН

У историјата на македонскиот народ има многу места кај што се покажује сичко онова што е битно за неговата борба за ослободуење. Секоа народна историја има таквиа места ели датуми, па и македонската историја. А еден таков, и това, може би, најголем е Илинден ели Илинденското востание. Това е денот, кога заспалиот македонски народ, разбуден од петвековниот сон се разбудуе и стануе да оди со свои нозе по своиот вистински пат. Точно, Илинденското востание не го доврши тој пат. Това само го почна тој пат, поправо, само го покажа за тие што вистински се борат за вистинска слобода на Македонија. И баш затова оти тој пат не е довршен, оти само ако понего се тргне ќе се дојде до слободата на Македонија, баш затова ние младите, напредните синови на оваја поробена земја, треба да го цениме и учиме Илинден, за да би ја постигнале целта на својата борба и слобода на Македонија.

Изучувањето на историјата, особено изучувањето на историјата на еден народ, секој пат значела многу за тиа што се бореле за слободата и прогресот на еден народ. Затоа и се вика, дека историјата била учителка на народите. Но особено таја учителка ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба. Оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се завртуе паметот, историската поука, а Илинден има најголемо значение за нас.

Што беше Илинден? Како дојде, како стана и што не учи тој? Ете, това ќе расправаме у оваа прилика и ќе сториме проба уште еднаш да покажеме вистинските патишта на македонскиот народ.

Илинден е најголемата дата у целата досегашна борба на македонскиот народ. Илинден беше првиот вистински пат и едничок начин да се ослободи тој народ, и као таков, тој покажа со крваво платено искуство, како требе да се води таја борба, и како секога, не се оди по него, се праќа со скапа крв и борбата заостануе назад.

Илинден го спреми и организира В.М.Р.О. Таја тогај вистински верна револуционерна организација на македонскиот народ основана од неговите први верни синови, за да го отфрли петвековниот турски јарем, тргна само по едниот верен пат на таја борба: да ослободувањето на Македонците не може да стане само от самите Македонци. И тогај се мислеше дека слободата ќе ни ја донесе некој друг. И тогај некои клапави синови на нашиот народ мислеја и се надеваја дека таа слобода ќе ни ја даде „некој отаде Блгарија, Европа ели некој друг, само не самиот македонски народ. Но неговите верни синови знаеја кој може това вистински да го стори и по кој начин и патишта треба това да стане. Економското состојание, народносното состојание, народните потреби и вистинските револуционерни сили што се развивајат од сичко овова — ете, това беше првата стапка от кај што требеше да се тргне, и от кај што тргнаја верните борци и организатори на Илинден.

Првата В.М.Р.О. била направена од неколку поразбудени Македонци, ама како масвна организација таја почнуе да биде од 1896 г. Тогај на чело стоеше Даме Груев. Таја организација, како вистинска револуционерна организација, јасно се определи што сака и како ќе го постигне: масовно организирана револуционерна акција и самата Македонија, водена од самите Македонци. Оти за организаторите на В.М.Р.О. беше јасно дека само така може да се освојуе слободата на Македониа.

Отогај, па до 20 јули 1903 [сметано по стар календар] кога стана Крушевското Илинденско востание, вистинските народни борци непрестано работеја у народот, пропагандираја, дигаја свест, организираја месни комитети, вооружени борбени одреди — чети — и се што требаше да се дигне едно народно востание.

Но едно е овдека да се каже, за да разбере целиот карактер на едно такво востание. Првите борци на В.М.Р.О. — Даме Груев, Гоце Делчев, и Јане Сандански, како вистински народни борци, убаво знаеја што беше тогај Македониа и какви се вистинските потреби за нејзините народи. Тија пропагираа борба против турската феудална империја, а за една слободна независна автономна Македониа уредена како демократска-гражданска држава. Они сакаја да се земе феудалната земја од беговите и да се даде на селаните што ја копајат. По градовите, да се растурат старите и корумпираните турски власти, да се образуе една демократска власт от народот по градовите и селата, која ќе биде одговорна пред автономното управление на Македонија, избрано и поставено по демократски начин од сичките народи што живејат во Македониа. Оти тија вистински народни борци убаво знаеја, дека само така, по тој начин и со тија сили не само што ќе се ослободи Македонија, ами ќе и се даде начин да се економски културно развие и подигне како нација. Затова они под своето знаме ги викаа сите народи што тогај живееја у Македонија и страдаа од турскиот феудален јарем: Македонците, Турците и Арнаутите. Оти и тогај у Македонија не живееја само Македонци. Една трета и нешто беа Турци, Албанци и др. За да се уреди една автономна и независна Македониа, можеше само на еден начин: да има слободно и демократски избрано, рамноправно и от сите народности, претставление и управление. Друг пат немаше: слобода, кај што ќе управља саде еден народ, значеше да Македонија стане само дел на една од државите околу неја — блгарската, турската, српската ели грчката. Затоа Македониа требаше, да стане една „балканска Швајцарија“ демократска република на народите што живеат у неја. Ете, това беше целта на народните борци на В.М.Р.О.

Но разбира се, това никако не и ујдисуваше на државните управители што беа околу Македониа. Сите тија фрлија око на неја и си ја сметаја како своја земја. Си чекаја само прилика, како да си ја земат. Идеалот на В.М.Р.О. само ги заплаши, и на секој начин гледаја данестане. Најповечку за това се загрижи Блгариа. Блгарското управление сметаше дека кога и да е Македониа треба да биде негова, та затова уште тогај се почна усилена пропаганда да се прикажуваат Македонците како македонски блгари, кои требе да се соединат со својата мајка, и сета нимна борба за ослободување ќе требе да има таква цел. И ете тогај блгарското правитлство почна активно да се меша у македонские работи. Идеата за ослободувањето на Македониа от „мајка Блгарија“ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на Македониа. И Илинден, како прво големо народно дело, покажа сичко това со пример, како што покажа и каде е вистинскиот пат за една вистинска слободна Македониа.

За да не дозволи да дојде до една вистинска слобода на Македониа, блгарското правителство направи еден „Врховен комитет“ со кого сакаше, преку свои човеци, да ја руководи сета борба у Македониа. И от тој комитет почна после трагедијата на Македониа.

Кога се спремаше Македонското востание, се мислеше да биде това вистинско народно востание, подигнато у најпогоден момент и со сичката револуционерна сила. Но това никако не сакаше Врховниот комитет. И ете зошто това востание бидна пред време и до крај исползувано од блгарското управление. Но за десет дена, колку што траеше првата македонска република у Крушево, јасно се покажа сичко што не беше нездраво и лажно у борбата на Македонскиот народ. И одтука, кои се едино првите патишта на таја борба.

Ние овдека нема да го описуеме самото восатние. Ние само сакаме да кажеме, како неговото големо значение лежи у това, што ни ги покажа онија патишта, што и до ден денешен остануват за нас.

Кои се тиа?

Прво, и најважно е това, дека Македониа не е земја од еден народ ами група од неколку народи, кои се поврзани со своите економски и териториални интереси, и као такви, само на една земја, под свое слободно, демократско управление, можат да живеат како слободни. Кога некои од државите сакајат да ги „ослободат“, това не значи ништо друго до да ги турат под своја власт, да ги поробат. За това само борбата на самите Македонци може да и даде слобода на Македониа – а секој друг — само робство.

Илинденското востание ни покажа како това е верно, и неговиот проглас до сичките народи на Македониа, ни кажуе само, дека тој пат и ние треба да го земеме. Македонците не се ни Блгари, нити Срби, не се ни Албанци ни Грци. Они се група од неколку народи, и затова, на територијата кај што живеат, можат да се слободни само ако се управљавајат сами, равноправно измеѓу себе, и демократски. Това е заветот на Илинден, и правиот пат и за денешната борба.

И баш оти е така, оти Македониа не е от еден народ, мешањето на некоја од државите околу неја, за да го ослободи еден од тија народи — значи само да ги пороби другите, значи само да таја држава има империјалистички цели и ништо друго. Слободата, вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага!

Од Илинден до сега се поминати цели 37 години. Цели 37 години крвава борба и крваво искуство. И Македониа уште не е слободна. Борбата е тешка, душманинот јак, но и мнозина водачи не водеја по крив пат. Уште има кај нас „чекајушти“ и „желајушти“! Уште таквија чекајат некој да ги „ослободи“ и да им даде живот.

Кочо Рацин, 1940г.

  • Ознаки
  • Илинден
  • Илинденско востание
  • Кочо Рацин
  • проза

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Почетен настан за промоција на проектот "Чекориме напред" на здружението "Надеж-Норе" од Македонска Каменица
Следна објава Водостопанство под контрола на кадри на СДСМ бира на кои земјоделци да пушти вода а на кои не, врз основа на непознати постапки
Може да Ве интересира:
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 581
Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија
Култура и традиција

Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија

август 11th, 2022 450
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
Историски личности

Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме

април 15th, 2022 828
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ
Култура и традиција

Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ

јануари 21st, 2022 784
Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА
Култура и традиција

Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА

август 1st, 2021 735
Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење
Култура и традиција

Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење

јуни 23rd, 2020 787
Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!
Култура и традиција

Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!

јуни 4th, 2020 1050
Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско
Култура и традиција

Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско

јуни 3rd, 2020 1374
ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил
Култура и традиција

ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

мај 24th, 2020 1067
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1149
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2110
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.