Денеска во Македонска Каменица се реализираше првиот почетен настан за промоција во јавноста на новиот проект именуван како “Чекориме напред” на здружението “Надеж-Норе” од Македонска Каменица.
Станува збор за регрантиран проект како дел од проектот „Транспарентност и отчестност на граѓанските организации“ финансиран со пари од ЕУ преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) со кој е предвидено да се зајакнат капацитетите на ова здружение од Македонска Каменица.
Дополнително во рамки на проектот остварена е соработка и со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Центарот за развој и соработка на граѓанските организации на Република Словенија.
Главна цел на проектот е зголемување на финансиската транспарентност на организацијата корисник на грантот, зголемување на нивната видливост на интернет како и подобрување на внатрешната организациска структура на самата организација.
Активностите на овој проект ќе се реализираат во тек на 5 месеци, со што на крај од проектот ќе биде организиран завршен настан кога и же бидат презентирани самите резултати на овој проект.
Борче Димитровски кој што е еден од активистите на здружението “Надеж-Норе” од Македонска Каменица, воедно и координатор на овој проект во совоја изјава ги образложи главните карактеристики на истиот:


