Борис Кондарко кој e избран за член на Државната Изборна Комисија од редовите на СДСМ, во составот на ДИК кој треба да го спроведе референдумот за промена на името, во 2004 година повикувал на бојкот на референдумот. “Никој не може да ја ускрати волјата на граѓаните да не излезат на референдумот, доколку тие сметаат дека референдумското прашање не заслужува внимание и одговор”, изјавил тогаш Кондарко.