Денеска во рамки на 38 седница на Комисија за одбрана и безбедност во Македонското собрание свое обраќање имаше пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој зборуваше за повеќе аспекти поврзани со работата на министерството за одбрана и условите во кои работат вработените во министерството.
Тој уште еднаш ги обвини надлежните во министерството дека е присутна појава на давање на мито од 3500 евра за учество на некој од воениот персонал на мисија (најмногу мисијата на АЛТЕА која што носи помал безбедносен ризик а солидни финансиски примања за војниците кои што се дел од истата.)
Исто така Ковачки ја потенцираше проблематичната состојба на носење на задоцнети одлуки во врска со непреченото функционирање на вработените во министерството како и недозволената состојба на постоење на неусогласеност со бодовите врз основа на кои вработените во министерството примаат плата со постојното законско решение.
Целото обраќање на Драган Ковачки во рамки на денешната комисиска расправа во собранието може да го погледнете во продолжение: